Објавено на:

Ѓоковиќ: Голема е „планината“ на која треба да се качам!

t

Новак Ѓоковиќ со победа над Ербер во три сета го стартуваше учеството на Ролан Гарос каде го брани трофејот.

Триумфот не беше лесен иако беше во три сета, Ѓоковиќ знае дека пред него има уште многу работа и ќе биде многу тешко и овојпат да ја освои титулата во Париз.

„Овој терен многу ми значи во мојата кариера. Нормално е дека денеска навивачите навиваа за својот тенисер. Тука сум водел големи битки и голема е „планината“ на која ќе треба да се качам“, вели Ѓоковиќ.

„Овој меч во вечерен термин беше посебен за мене, комплетно поразлични услови за игра. Долго е да чекаш цел ден за да излезеш на терен, но благодарност до публиката за овој амбиент“.

„Ербер сервираше многу добро во вториот и третиот сет. Бев во некои незгодни ситуации и беше многу важно да бидам фокусиран во тајбрејкот. Тој да го добиеше вториот сет, ќе беше друг мечот, друга атмосфера. Но го одиграв мојот најдобар тенис во тој момент“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…