Објавено на:

Ѓоковиќ е олимписки шампион!

t

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ го освои одличјето кое што му недостигаше во кариерата – златниот медал на Олимписките игри!

Тој славеше во финалето против Шпанецот Карлос Алкараз со 2-0 (по сетови 7-6 и 7-6), во меч кој траеше без малку три часа.

Двајцата тенисери прикажаа одличен тенис. Алкараз одигра одлично, но искуството на Србинот беше пресудно во финалето.

Ѓоковиќ во првиот сет изгледаше дека игра малку посигурно. Имаше четири брејк топки кои не ги искористи. Шансите ги пропушти и Алкараз, па по повеќе од еден час игра првиот сет отиде во тај брејк.

И таму беше дури до самиот крај, кога Србинот направи мини брејк и го доведе првиот сет до сигурна завршница.

Неизвесност владееше и во вториот сет. Двајцата тенисери покажаа исклучителна класа и ја забавуваа публиката во Париз со атрактивна игра во која ниту еден тенисер не успеа да му го одземе сервисот на противникот, па вториот сет исто така отиде во решавачки гем.

Ѓоковиќ ги освои првите два поени, но Алкараз брзо ја врати предноста од мини брејк. Сепак, проблемите на Шпанецот продолжија на негов сервис, па Ѓоковиќ ја врати предноста од мини брејк (4:2) и продолжи да освојува поени.

На крајот Ѓоковиќ го освои првото олимписко злато крунисувајќи ја фантастичната кариера.

Ѓоковиќ со 37 години стана и најстариот победник на олимпискиот тениски турнир во историјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Путин ги отвори игрите на БРИКС: Учествуваат…

Рускиот претседател Владимир Путин ги прогласи за…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…

ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…

Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…

СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…