Ѓоковиќ купи 80% од данската биотехнолошка фирма за развој на третман за ковид

t

Српската тениска ѕвезда, Новак Ѓоковиќ, кој беше депортиран од Австралија бидејќи не беше вакциниран против ковид-19, иако имаше медицинско ослободување од вакцина, купи 80% од данската биотехнолошка фирма QuantBioRes, која работи на развој медицински третман за СОВИД-19, дознава Ројтерс од извршниот директор на компанијата.

Како што пренесува „Ројтерс“, првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ има 80 проценти сопствеништво во QuantBioRes компанијата од Данска. Тоа го потврди и извршниот директор на фирмата Иван Лочаревиќ, како и официјалните податоци од данскиот регистар.

Како што се наведува, српскиот тенисер уште во јуни 2020 година ја направил оваа инвестиција, но не е познато во кој износ. Во официјалните списоци стои дека Јелена Ѓоковиќ е сопственик на 39,20 проценти од акциите на оваа фирма, додека уделот на Новак во сопствеништвото е 40,80 проценти. Преостанатите 20 проценти се во сопственост на извесен Ентони Чарлс Сингсби.

QuantBioRes има 11 истражувачи кои работат во Данска, Австралија и Словенија, а Лончаревиќ напоменува дека не се занимаваат со правење на вакцина, туку создавање на третман за борба против вирусот. Компанијата работи на развивање на пептиди, кои би требало да спречат коронавирусот да ги инфицира човечките ќелии. Клиничките испитувања би требало да почнат во Велика Британија ова лето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…

ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…

Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…

СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…