Ѓоковиќ нема да игра во Мајами
Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ нема да учествува на „Мастерс“ турнирот во Мајами, дознава „Спорт Клуб“.
На Индијан Велс, Србинот неочекувано го заврши учеството веќе во третото коло со пораз од Лука Нарди.
– Мајами е тука, ајде да видиме. Пред десетина минути бев на теренот, главата се уште ми е малку жешка. Морам да одвојам ден-два, а потоа да видам што сакам да направам понатаму, изјави Ѓоковиќ веднаш по поразот од Италијанецот.
Новак Ѓоковиќ е шесткратен шампион во Мајами, а тој турнир ќе се игра од 20 до 31 март.
Сега за популарниот Ноле следуваат подготвки за земјена подлога, а прв на програмата треба да биде Монте Карло кој стартува на 7 април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…
ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…
Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…
СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…
Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…
Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…