Ѓоковиќ нема да може да игра на американските Мастерси и годинава поради вакцините!
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и годинава нема да може да игра на американските мастерси во Мајами и Индијан Велс поради „старата болка“ – не е вакциниран против ковид-19.
Американската Влада ги продолжи условите за влез во земјата според секој што сака да влезе мора да приложи доказ дека примил најмалку две дози на вакцина против ковид-19, а ова правило кое важеше е продолжено до 10 април годинава. Сите се надеваа дека Американците ќе ги укинат рестрикциите за влез во земјата околу ковид-19, зашто најголем дел од земјите веќе немаат ограничувања, но наместо тоа се случи продолжување на условите за влез.
Невакцинирани може да влезат во САД само ако исполнуваат услови за специјално изземање, нешто со кое лани Ѓоковиќ се обиде да влезе во Австралија, па беше депортиран, но годинава му беше укината тригодишната забрана за влез после депортацијата и тој веќе е во Австралија каде се подготвува за првиот годинешен гренслем.
Поради невакцинирањето, Ѓоковиќ лани ги прескокна Австралија опен и САД-опен, па иако го освои Вимблдон, сето тоа му донесе пад на АТП-листата на која беше суверен до тогаш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…