Ѓоковиќ нема да може да настапува на УС Опен затоа што не е вакциниран
Најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ би можел уште еднаш да го прескокне учеството на УС Опен, поради тоа што не е вакциниран, пренесуваат бројни американски медиуми.
Вакцина против Ковид допрва ќе биде услов за влез во Соединетите Американски Држави, е најновото неофицијално соопштение на Американската здравствена комисија како што пренесуваат медиумите во САД.
Тоа би значело дека Ѓоковиќ годинава нема да може да учествува на УС Опен, исто како и лани, а пред два месеци поради ова не можеше да учествува на Мастерсот во Мајами и Синсинати.
Имаше најави дека задолжителната мерка за вакцинација ќе биде укината на 11 мај со одлука на Сојузната влада, кога требаше да заврши вонредната состојба и да се укинат сите забрани во јавното здравство поради коронавирусот.
Според последните најави, тоа нема да се случи, пренесува Танјуг.
Според последните информации, во САД ќе можат да влезат само оние кои примиле барем една доза од вакцината од 16 август минатата година, што автоматски би значело дека освојувачот на три титули на УС Опен нема да може да игра во Њујорк на крајот на август и на почетокот на септември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…
ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…
Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…
СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…
Австриецот Шварцлер го освои „Македонија Опен“
Младиот 18-годишен австриски тенисер Жоел Шварцлер е…