Ѓоковиќ низ солзи се прости од својот поранешен тренер
На 60-годишна возраст во Белград почина тенискиот тренер Јован Лилиќ, соопшти денеска Тениската федерација на Србија. Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи се прости од својот поранешен тренер со расплакани емотикони и три искинати срца кои симболизираат тага.
„Извонреден тениски работник, тренер и човек кој донесе насмевки на нашите лица со својот ведар дух. Зад себе остави генерации тенисери Јован, кого го водеше како личен и клупски тренер“, се наведува во соопштението.
Лилиќ беше член на стручниот штаб на српската репрезентација која го освои Дејвис купот во 2010 година.
Српскиот тренер ја предводеше српската тениска репрезентација во Пекинг во 2008 година, кога Новак Ѓоковиќ го освои бронзениот медал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…
Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…
„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…
Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…
ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…
Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…