Ѓоковиќ падна на третото место на АТП листата
Италијанскиот тенисер Јаник Синер денеска го освои официјалното прво место на АТП листата, втор е Шпанецот Карлос Алкараз, додека на третата позиција падна Србинот Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ не успеа да ја одбрани титулата на Ролан Гарос, поради што загуби 1.600 бодови на најновата АТП листа. Падна две места на листата на најдобри играчи во светот.
Српскиот тенисер поради повреда на коленото мораше да му го предаде мечот од четвртфиналето на Отвореното првенство на Франција на Норвежанецот Каспер Руд. Ѓоковиќ досега на врвот на АТП листата помина 428 недели.
Синер, кој се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, од денеска го зазема првото место на АТП листата со 9.525 бодови.
Алкараз е вториот тенисер во светот со 8.580 поени. Шпанецот вчера го освои Ролан Гарос, откако во финалето го совлада Германецот Александар Зверев со 6:3, 2:6, 5:7, 6:1, 6:2.
Ѓоковиќ моментално е на третото место на АТП листата со 8.360 бодови, додека Зверев е четврти со 6.885.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…
ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…
Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…
СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…
Србите меѓу земји со најевтина струја во…
Електричната енергија е еден од највиталните ресурси…