Ѓоковиќ падна на четвртото место на на АТП листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ падна две места на најновата АТП листа и моментално ја зазема четвртата позиција, додека прв и понатаму е Италијанецот Јаник Синер.
Ѓоковиќ не успеа да ја одбрани титулата на УС Опен, бидејќи во третото коло беше елиминиран од Австралиецот Алексеј Попирин со 6:4, 6:4, 2:6, 6:4. Српскиот тенисер загуби 1.900 поени во однос на претходната АТП листа. Ѓоковиќ моментално е на четвртото место на АТП листата со 5.560 бодови.
Синер синоќа го освои УС Опен, откако во финалето во Њујорк го совлада Американецот Тејлор Фриц со 6:3, 6:4, 7:5. Италијанскиот тенисер на првото место на АТП листата моментално има 11.180 бодови.
Германскиот тенисер Александар Зверев напредуваше за две места и сега е втор во светот со 7.075 поени, додека Шпанецот Карлос Алкараз ја задржа третата позиција со 6.690 поени, пренесува Танјуг.
Руските тенисери Даниил Медведев и Андреј Рубљов ги задржаа петтото и шестото место на АТП листата, додека Тејлор Фриц напредуваше за пет позиции и сега е седми играч во светот.
Потоа следат Хуберт Хуркач од Полска, Каспер Руд од Норвешка и Григор Димитров од Бугарија.
Што се однесува до останатите српски тенисери, Миомир Кечмановиќ и Душан Лајовиќ напредуваа по една позиција на АТП листата. Кечмановиќ е 53. играч во светот со 980 поени, додека Лајовиќ е на 65. позиција со 811 поени.
Ласло Џере падна за десет места и сега е на 119. место на АТП листата со 491 поен, додека Хамад Меѓедовиќ е 136. тенисер во светот. Меѓедовиќ собра 440 поени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…
ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…
Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…
СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…
Србите меѓу земји со најевтина струја во…
Електричната енергија е еден од највиталните ресурси…