Ѓоковиќ по три сета го скрши Гркот Циципас и обезбеди финале во Париз

t

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по голема битка и три сета го совлада Гркот Стефанос Циципас со 2-1 во сетови, односно 6-2, 3-6 и 7-6 за пласман во финале на Мастерсот во Париз.

Првиот сет почна мирно без брејк топки на двете страни во првите пет гема, по што Ѓоковиќ го направи првиот чекор и освои брејк за водство од 4-2, а потоа уште еден за да го добие сетот со 6-2.

Идентична ситуација беше забележана и во вториот сет, каде што мирно беше до четвртиот гем, по што Циципас направи брејк за 3-2, а потоа уште еден за 6-3 и така израмни на 1-1 во сетови.

Големата битка продолжи во третиот сет, каде што Ѓоковиќ најпрво не искористи две брејки шанси во третиот гем, а потоа уште две во деветтиот гем, па победникот мораше да се решава во тај-брејкот.

Циципас направи мал чекор кон победа со мини-брејк за водство од 4-3, по што следеа два негови сервиси, но истите ги загуби и му дозволи на Ѓоковиќ со пресврт да слави со 7-4.

Србинот ќе се бори за титула против талентираниот Холгер Руне, кој во полуфиналето беше подобар од Феликс Оже-Алиасим со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-2.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…