Ѓоковиќ: Сакам децата да си ги крстам на Косово – следуваше брз одговор
На прес-конференцијата по поразот од Холгер Руне, во четвртфиналето на мастерсот во Рим, Новак Ѓоковиќ зборуваше и за Косово, величајќи го како неодвоив дел од идентитетот на Србите.
Сподели дека има желба да отпатува таму со семејството и таму да си ги крсти децата, осумгодишниот Стефан и петгодишната Тара.
„Сакам да одам на Косово и Метохија со својата сопруга Јелена и таму да ги крстиме нашите деца, Стефан и Тара. Знам дека таа тема е многу чувствителна. Конфликтот и понатаму е присутен таму, не вооружен, но постои тензија. Не сакам да бидам вклучен во политика, но за секој Србин, Косово и Метохија се срце, во центарот на нашата култура, нашиот идентитет, традиција, религија…“, изјави Ѓоковиќ.
Денеска стигна краток и јасен одговор од Приштина, во облик на твит, на косовскиот министер за култура, Хајрула Чеку.
„Нема вакцина, нема влез“, напиша тој кратко, на англиски јазик.
Во српските медиуми многумина ова го третираа како провокација, бидејќи мерките против коронавирусот олабавуваат и на светско ниво, а на Ѓоковиќ веќе му дозволија влез и Соединетите Американски Држави. Впрочем, дури и Косово дозволува влез на невакцинирани.
„Се чини дека косовскиот министер не ги знае ни правилата на територијата која ја застапува, бидејќи уште пред година дена косовските власти воведоа наблаг сет мерки во рамките на кои изостана условувањето за вакцина против коронавирусот. Приштинските медиуми пренесоа дека таа одлука важи од 1 мај 2022 година и не е потребна потврда за вакцинација“, пишува „Мондо“.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски…
Добро е што се усвои извештајот, но…
Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…
Привремената косовска влада објави дека изборот на…
Палестина бара прекинот на огнот да се…
Палестинската самоуправа, со седиште во Рамала, денеска…
Претседателот на НСП: Не се знае дали…
Веројатно по примерот на приватизираните фирми кои…
Левица: МВР не демантира дека тендерот за…
МВР не демантира дека тендерот за партиски…