Ѓоковиќ се враќа дома, Австралија му ја ykина визата
Австрaлија му ја укина визата на светскиот тенис број 1 Новак Ѓоковиќ, со што најверојатно ќе стави крај на надежите на српската тениска ѕвезда да ја одбрани титулата на Грен слем турнирот во Мелбурн.
„Денес го искористив моето овластување според член 133C(3) од Законот за миграција за да ја укинам визата што ја поседува г-дин Новак Ѓоковиќ“, изјави министерот за имиграција Алекс Хок откако ги искористи своите дискрециони овластувања за прашањата за виза.
Засега нема коментар од Ѓоковиќ или неговиот правен тим. Според австралискиот закон, можно е да се поднесе жалба на одлуката. Ѓоковиќ денеска тренира за Австралија опен. Ѓоковиќ е вклучен во ждрепката на турнирот како главен носител. Ѓоковиќ, скептик за вакцините, во минатата недела објави дека оди во Мелбурн со медицинско ослободување од барањата на Австралија посетителите да имаат примено вакцина против ковид-19. 34-годишниот Ѓоковиќ е желен да ја одбрани својата титула и да се бори за рекордниот 21 Грен слем трофеј кога турнирот ќе започне на 17 јануари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Австралија ќе обезбеди рекорден пакет воена помош…
Австралиската влада ќе и го обезбеди на…
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…
ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…
Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…
СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…