Објавено на:

Ѓоковиќ: Се надевам дека еден ден ќе ја завршам кариерата како Федерер

t

Новак Ѓоковиќ изјави дека е мотивиран да ја пишува историјата на тенисот и дека еден ден ќе се повлече од овој спорт како што тоа го направи Швајцарецот Роџер Федерер, пренесуваат француските медиуми.

Ѓоковиќ во интервју со поранешната француска тенисерка Марион Бартоли за „RMC Sport“ повтори дека зад себе има тешка година. Бартоли го праша српскиот тенисер дали мисли дека е најдобриот тенисер на сите времиња.

„Има многу параметри за кои треба да се разговара. Многу сум мотивиран да ја напишам историјата на нашиот спорт и оставам на другите да се расправаат околу тоа“, изјави Ѓоковиќ пред почетокот на Мастерсот во Париз, пренесува Танјуг.

Ѓоковиќ зборуваше и за одлуката на Федерер да се пензионира. Последниот натпревар во професионалната кариера Швајцарецот го одигра на Лејвер купот во септември.

„Беше уникатно искуство да се биде актер на тој настан. Неверојатно е што направи Роџер на теренот и надвор од него. Имам најголема почит кон него. Секако, на теренот тој ми беше ривал пред се. Јас сум професионалец, сакам да победувам. Но, таа вечер немаше ривалство, само неизмерна почит. Се надевам дека еден ден ќе заминам како Роџер. Беше тоа прекрасен момент“, изјави српскиот тенисер.

Ѓоковиќ оваа сезона настапи само на девет турнири.

„Првиот дел од сезоната и се што се случи во Австралија се чувствував како предизвик, тоа влијаеше на мене емоционално и психички, влијаеше на мојата игра. Сепак, успеав да го најдам тоа посакувано ниво и тоа се случи на крајот од сезоната на земјена подлога. Вимблдон секогаш доаѓа во вистинско време во мојата кариера. Кога ми треба голема доза самодоверба и голема титула, Вимблдон е секогаш тука“, призна Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер во кариерата шест пати го освојуваше Мастерсот во Париз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…

ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…

Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…

СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…