Објавено на:

Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија опен

t

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се квалификуваше во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија, откако го победи 75-от играч во светот, Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп, во третото коло денес во Мелбурн по три сета, 6:3, 6:4, 7:6.

Мечот траеше два часа и 46 минути.

Ѓоковиќ го доби првиот сет со брејк во четвртиот гем.

Српскиот тенисер потоа го започна вториот сет со водство од 3:0, откако доби брејкови во првиот и третиот гем.

Ван де Зандшулп потоа побара медицински тајм-аут поради проблем со десното рамо, а во следниот гем успеа да му го одземе сервисот на Ѓоковиќ.

Сепак, четвртиот играч на светот на крајот го доби вториот сет со 6:4.

Холандскиот тенисер играше многу подобро во третиот сет. Во третиот гем, Ѓоковиќ малку го извитка десниот глужд, поради што мораше да побара медицински тајм-аут, додека Ван де Зандшулп доби брејк во следниот гем и поведе со 3:1.

Ѓоковиќ возврати со својот брејк во петтиот гем и откако го одбрани сервисот кога заостануваше со 4:5 и 5:6, победи со 7:4 во тај-брејкот за место во осминафиналето.

Двајцата играчи имаа двоцифрен број на асови во денешниот натпревар, Ѓоковиќ освои 11 поени директно од сервис, додека Ван де Зандшулп запиша 15 асови.

Во осминафиналето, Ѓоковиќ ќе игра против победникот од дуелот помеѓу 17-тиот рангиран Чех, Јакуб Меншик и 80-тиот рангиран Американец, Итан Квин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОЛЕ МУ СЕ ЈАВИЛ НА ВУЧИЌ ПРЕД…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување…

Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…

Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…

„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…

Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…