Ѓоковиќ со емотивна исповед: По случувањата во Австралија ми требаа неколку месеци за да бидам како порано, ги потценив моите емоции
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ проговори за тоа што му се случило откако бил депортиран од Австралија поради тоа што не бил вакциниран против коронавирус.
– Да бидам искрен, на почетокот ја потценив мојата емоционална состојба. Мислев дека по напуштањето на Австралија, ќе продолжам нормално. Но, потоа, уште неколку месеци, ги чувствував емоционалните и психолошките одгласи на она што се случи. Во последно време почнав да се опоравувам, сето тоа го оставив во минатото и го претворам во гориво и позитивна енергија – изјави Србинот за „Tennis Majors“.
Ѓоковиќ го пропушти Грен слемот Австралија опен. Тој беше депортиран од Австралија на 16 јануари. Исто така доби забрана да ја посетуваат земјата три години. Австралиските власти на 14 јануари му ја укинаа визата на српскиот спортист и одлучија да го депортираат.
Попладнево Ѓоковиќ на АТП турнирот во Мадрид ќе го игра првиот полуфинален меч. Негов противник ќе биде домашниот тенисер Карлос Алкараз.
(МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…
Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…
„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…
Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…
ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…
Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…