Ѓоковиќ сруши уште еден рекорд во Рим
Турнирот во Рим штотуку започна, а Новак Ѓоковиќ собори нов рекорд. Најдобриот тенисер во светот стана најдобар во друга категорија, односно стана првиот тенисер кој освоил над 80 проценти на сите три подлоги. Српскиот ас во оваа категорија ги надмина двата најголеми ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Новак Ѓоковиќ со победата над Томаш Ечевери во второто коло на Мастерсот во Рим стигна до точно 80 отсто од победите на земјена подлога и со тоа стана првиот тенисер кој има процент од најмалку 80 отсто на бетон, глина и трева.
Тој процент го достигна најдоцна на земјена подлога бидејќи тоа е најслабата подлога на Новак, но и на неа српскиот ас оствари импресивен настап.
Роџер Федерер ја заврши кариерата без да постигне 80 проценти победа на сите подлоги. Славниот Швајцарец е најдобар и на трева со процент од 86,9 отсто, потоа на бетон со 83,5 отсто, додека на земјена подлога остана на 76,1 отсто од победите.
Рафаел Надал има неверојатен процент на земјена подлога од дури 91,3 отсто победи, што навистина изгледа тешко остварливо, но затоа е послаб од двата најголеми ривали на другите две подлоги. „Кралот на глината“ на трева има 79,2 отсто победи, додека најслаб е на бетон каде има 77,6 отсто победи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…
Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…
„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…
Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…
(Видео) Експлозија во Рим: Се урна дел од…
Дел од трикатница во римскиот кварт Монтеверде…
Наезда на змии и стаорци во Рим…
Зоологот од Рим, Андреа Лунерти изјави дека…
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…