Објавено на:

Ѓоковиќ: Сè уште имам желба да се борам

t

Новак Ѓоковиќ успешно го започна своето учество на УС Опен со победа над Американецот Лернер Тиен, а по натпреварот им се заблагодари на публиката во „Артур Еш“ и нагласи колку му значи нивната поддршка во борбата против сè помладите ривали.

„Добра вечер на сите, ви благодарам што дојдовте вечерва. Беше одлично да почувствувам какво е да се игра во недела навечер за прв пат во мојата кариера. Никогаш порано не сум започнал турнир во недела и сигурно би сакал да го сторам тоа во иднина. Како и секогаш, најдобрата ноќна сесија во светот е токму тука – во Артур Еш. Вие сте одлични фанови, ви благодарам многу, атмосферата беше фантастична. Одлично е да се вратам тука“, им рече Ѓоковиќ на воодушевените фанови.

Во свој стил, српскиот ас се осврна и на текот на натпреварот, кој, по убедливиот прв сет, донесе вистинска драма во вториот. „Беше многу чуден натпревар. Првиот сет траеше малку повеќе од 20 минути, вториот траеше еден час и 20. Сосема различни сетови. Мислам дека клучот беше да се надмине нервозата во вториот сет. Кога успеав да го направам тоа, почнав да се чувствувам подобро и го завршив натпреварот на добар начин. Можев и подобро, но се на се, добар почеток на турнирот“, рече Новак. Интересен факт е дека Ѓоковиќ игра на својот 19-ти УС Опен, додека неговиот ривал има само 19 години.

Српскиот тенисер не пропушти да го коментира тој симболичен момент. „Да бидам искрен, би сакал да сум на возраст како Лернер Тиен, но тоа не е можно. Тој е половина од моите години – неверојатно е. Кога ќе наполните доцни 30-ти години, сè е во тоа да ја заштедите енергијата за она што е најважно. Вашето тело не се опоравува како порано, па се обидувам да работам на тоа, но и да го одржам моето ментално здравје свежо за да можам да се натпреварувам со помладите играчи“, рече српскиот тенисер.

Сепак, желбата за натпреварување сè уште гори.

„Сè уште имам желба да се борам. Публиката ми помага во тоа и ми дава енергија. Понекогаш би сакал да сум помлад, но морам да бидам благодарен за одличната кариера што ја имав, и тука во Њујорк и низ целиот свет. Сакам да продолжам да се натпреварувам и се надевам дека сите ќе уживате во мојот тенис“, заклучи Ѓоковиќ. Во второто коло, тој ќе игра против друг Американец, 143-тиот светски тенисер Захари Свјада, кој беше подобар од Унгарецот Џамбор Пирош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОЛЕ МУ СЕ ЈАВИЛ НА ВУЧИЌ ПРЕД…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување…

Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…

Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…

„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…

Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…