Ѓоковиќ: Уште ќе напредувам
По освојувањето на златниот медал во Париз, многумина веруваа дека Новак Ѓоковиќ останал без мотивација бидејќи освоил се што можел во кариерата, но српскиот ас доаѓајќи во Бризбејн ги згасна сите сомнежи и докажа дека се уште сака да напредува.
Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на турнирот во Бризбејн, а по победата беше задоволен, но и истакна дека сака да напредува.
„Мојата цел е да го подобрам секој удар барем малку. Дури и оние каде што имам одлични проценти. Додуша, не сакам целосно да ја сменам играта, нема да сервирам како Џовани Перикар со сите сили, да одам до мрежата, но сепак ќе се обидам да поправам се. Дури и она што луѓето можеби го мислат не е неопходно. Позиционирање на теренот, игра во транзиција, тактика… Ќе се фокусирам на себе, ќе се подобрам и физички и психички максимално“, изјави најдобриот тенисер на сите времиња.
Новак во новата сезона има големи планови и најави дека ќе игра повеќе отколку во 2024 година.
„Сакам да бидам подготвен за натпреварувањето, без разлика што чини. Кога ќе го завршам турнирот во Бризбејн, со тренерите ќе ја анализирам играта на моите најголеми конкуренти на Австралија Опен. Сакам да разберам како мојата игра се вклопува со нивната, што направив добро во минатото и во што можам да се подобрам“, објасни Ѓоковиќ.
Во Бризбејн сака да даде се од себе, но не крие дека примарна цел му е Австралија Опен.
„Целта е да се оди што подалеку. Знам дека многу луѓе кои плаќаат билети за да дојдат на стадион, не го прават тоа за да ме гледаат како тренирам, туку за да ме гледаат како се натпреварувам и сакаат да победат. Со таква желба излегувам на теренот, но мојата главна цел останува Мелбурн. Морам да ги полирам ударите пред почетокот и да се погрижам да бидам во најдобра форма за првиот меч на Австралија опен“, заврши Новак.
Натпреварот од второто коло на српскиот ас против Гаел Монфис се игра во четврток од 9.30 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…
ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…
Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…
СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…
Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…
Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…