Објавено на:

ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО ПРОПУШТА ВИМБЛДОН

t

Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно колено со цел да биде подготвен за Олимписките игри во Париз, објавија српските медиуми.

Српскиот тенисер вчера донесе одлука за повлекување од Ролан Гарос поради влошување на проблемот со коленото на лизгавата подлога и организаторите потоа кажаа дека тој има скинат менискус. Ѓоковиќ ќе се оперира уште денеска во Париз со цел да го убрза заздравувањето, но поради тоа нема да биде во можност да игра на Вимблдон, каде што лани изгуби во финалето.

Ѓоковиќ вторпат во кариерата оди на операција, откако на овој начин во 2018 ја санираше повредата на лакотот.

Тенискиот турнир на Олимпијадата во Париз почнува на 27 јули. Ѓоковиќ пред почетокот на сезоната истакна дека олимпиското злато му е една од главните цели за оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…

ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…

Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…

СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…