Ѓоргиев: Комисијата се занимава со учебниците, не дали Гоце Делчев е Бугарин или не

t

Главна преокупација се учебниците и сакаме да ги надминеме тие забелешки за средниот век за да можеме да дојдеме многу понапред, изјави Драги Ѓоргиев, копретседател на мешовитата македонско-бугарска комисија, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

-“Нема сериозни поместувања во дебатата околу Гоце Делчев, ниту пак има сериозни дискусии околу тоа. Ние веќе рековме дека оваа Комисија не е Комисија која што треба да го реши идентитетот на Гоце Делчев. Апсолутно не е работа на комисијата во својот текст да истакне некакво свое видување за идентитетот на Гоце Делчев. И тоа нема ниту да се случи, бидејќи ако ние го славиме Гоце Делчев, тогаш славењето на таа личност треба да биде на други основи и на други вредности, а не дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин“, рече Ѓоргиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…

Марија Јаничевска е предложена за директорка на…

Марија Јаничевска е предлог за директорка на…

Софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“ под лупа…

Денеска истекува крајниот рок до кога надлежните…