Ѓоргиев: Факт-чекерите и власта да одговорат дали македонизмот е расистичка и шовинистичка идеологија
Македонизмот во неговата антибугарска форма е нешто што не може да функционира без контроверзността на другиот. Не може да „цвета“, без лаги и забрани. Деновите на македонизмот, како расистичка и шовинистичка идеологија се преброени. Неговиот крај можете да го именувате, како што ви душа сака. Македонските Бугари, ниту имаат можност, а Бога ми, ни желба, да прават ад хок тело по тоа прашање. Тоа си е ваша трагедија и неминовна судбина.
Ова меѓу другото во текст во Трибуна.мк го пишув главниот уредник Атанас Вличков. Текстот насловен како „Европизација со сталинистички методи“, а повод е штотуку формираното ад хок тело при Министерството за правда, кое до усвојувањето на новиот закон за фондации треба да одобрува или не имиња, што ќе можат или не да се користат.
Член и на ова ад хок тело е неизбежниот државен, „органски“ историчар број 1, академик Драги Ѓоргив, кој е и копретседавач на заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и учебниците.
Не навлегувајќи во никаква полемика со главниот уредник на Трибуна.мк, г-динот Величков, особено не околу неговите ставови за потребата од формирање вакво тело, би било добро акедемикот Ѓоргив, јавно, јасно и гласно да и објасни на јавноста дали навистина македонизмот е расистичка и шовинистичка идеологија!? Притоа да не се вади со изговор дека како комисија се уште не се стигнати до таа точка на дневен ред-прашува „Пресинг ТВ“.
А, и не само тој, тука се и најновите проверувачи на факти, кои се финансираат со европски пари, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како надлежен за спречување на говорот на омраза, Комисијата за заштита од дискриминација, па и претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, зашто не убедуваат дека македонскиот идентитет и јазик во спорот со Бугарија се заштитени.
Само пред да одговорат нека размислат добро, особено по тоа што прифатија со францускиот предлог. Меѓу другото, во делот на отворање на досиејата не само што признаа, туку и потврдија дека по Втората светска војна репресивниот државен апарат делувал и вршел репресии не само врз идеолошка, ами и врз етничка основа.
До сега ни беа познати многу критики од бугарска стран на сметка на македонизмот. Претседателот Румен Радев, на пример, го именуваше како воинствен.