Ѓорчев: Да се изгласа со големо мнозинство влегувањето на Бугарите во Уставот со одложено важење

t

Во вечерашната емисија Директно Марјан Ѓорчев, поранешниот пратеник зборуваше за Извештајот на Европската комисија за Македонија. Тој посочи дека извештајот е умерен, се поздравуваат умерениот прогрес во делот на усвојување на патоказот за владеење на правото, започнување на реформите во јавната администрација, унапредување на работењето на граѓанските институции, формирањето на советот за соработка меѓу Владата и граѓанството. Ѓорчев смета дека решението за движењето на Македонија кон европскиот пат е внесување на Бугарите во Уставот со одложено дејство.

„Според мене кој е чекорот? Во Собранието да се изгласа со големо мнозинство да влезат Бугарите во Уставот со одложено важење и да го изгласаме нашиот услов којшто ќе го дадеме во Европа“, изјави Марјан Ѓорчев, поранешен пратеник.

Тој потенцираше дека државата треба да ја убеди Европската унија дека она што е направено со Македонија е неправедно и некоректно, и дека ако Црна Гора со огромна корупција и криминал можело да и се даде отпочнување на преговорите во 2012 година, истото можело да се направи и со Македонија кога била пресуда од Хаг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорчев: Да се изгласа со големо мнозинство…

Во вечерашната емисија Директно Марјан Ѓорчев, поранешниот…

Поранешен европски комесар за правда е осомничен…

Поранешниот европски комесар за правда и министер…

Утрово силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според…

ЕК: С. Македонија ги продолжи реформите, потребна…

Македонските власти продолжија да работат на насоките…

Демократите победија во Њујорк, Вирџинија и Њу…

Демократите победија во три клучни прелиминарни трки…