Ѓорчев најдобро го познавал фертилитетот: Павле Трајанов, Солза Грчева и Влатко Ѓорчев ќе донеле додадена вредност како национални координатори, смета Мицкоски

t

Функцијата Национален координатор нема да се укине, тие носеле додадена вредност во Владата, смета премиерот Христијан Мицкоски, во подкастот „Претрес“.

Мицкоски има само пофални зборови за новите национални координатори, особено за Влатко Ѓорчев.

„Влатко Ѓорчев е национален координатор за демографија и млади. Јас сум човек кој многу се грижи за демографијата, фертилитетот и младите. Тоа веќе го кажав. Јас не познавам друг човек кој подобро и повеќе знае за демографијата, фертилитетот и така натаму. Не познавам друг. И ако некој треба да биде национален координатор за демографија која е една од клучните точки во нашата програма и зголемување на фертилитетот е токму Ѓорчев. Не познавам друг, сум имал разговори со многу политичари, со многу професори, не познавам друг“ вели премиерот Мицкоски.

Според него, додаде вредност ќе донесат и националните координатори Солза Грчева и Павле Трајанов со кои Мицкоски до вчера беше на различни страни.

„Павле Трајанов целиот свој живот го поминал борејќи се во полицијата во МВР против организираниот криминал и корупција. Дека сме биел ние на различни политички страни во одреден период, сме биле. Дека можеби еден ден пак ќе бидеме, можеби ќе бидеме. Тоа е динамична работа. Но, ако некој ме праша дали во овој момент треба да имаме национален координатор на таа тема, едно од имињата е тој и беше предложено. Исто како што Солза Грчева како универзитетски професор треба да биде национален координатор за реформи во високото образование. Дали сме биле на различни страни? Да. Сме биле во одреден период, дали сме сега во иста коалиција, да сме. Дали може да додаде вредност? Да, убеден сум“ порача Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорчев најдобро го познавал фертилитетот: Павле Трајанов,…

Функцијата Национален координатор нема да се укине,…

Во Ѓорче Петров запалено возило на инспектор…

Ноќта помеѓу петок (13.09,2024) и сабота (14.09.2024)…

СДСМ: Дали под бугарски диктат Сиљановска и…

Секојдневно ДПМНЕ ги поткопува стабилните меѓународни позиции…

Централна Европа се бори со разорни поплави

Жителите и властите низ Централна Европа продолжуваат…

Студено утро во цела Македонија: На ОВА…

Утрово најниска температура е измерена на Попова…