Објавено на:

Ѓорческа и Фомина спасија пет меч-топки и изборија финале во Хехинген!

t

Лина Ѓорческа дојде на еден меч до освојување на вториот пехар во 2023 година. Во конкуренција на двојки, на турнирот од W60 категоријата (60.000 долари награден фонд) во Хехинген ќе играат финале со партнерката Аљона Сергеевна Фомина-Клоц.

Со оглед на тоа дека се трети носителки, во денешниот полуфинален меч имаа јасна улога на фаворитки против Германките Карилона Кил и Ела Зајдел, сепак победата дојде исклучително тешко. Првиот сет го добија Германките со 6-2, но Лина и Аљона експресно се консолидираа, па го отворија вториот сет со 4-0, што беше најдобар начин да возвратат на идентичен начин, со 6-2.

Вистинската приказна за оваа пресметка дојде во третиот сет, кој се игра тајбрејк до 10. Некаде на средина од него, Германките се издвоија и со низа од четири поени дојдоа до 9-6, што значеше три врзани меч-топки. Ѓорческа и Фомина концентирани го одбранија сите три, но драмата не заврши тука, па Кил и Зејдел уште двапати дојдоа на поен до победа при 10-9 и 11-10. Сепак, со серија од три поени фаворитките покажаа истрајност и го освоија сетот со 13-10.

Во финалето ќе се пресметаат со Екатерина Горгодзе од Грузија и Катарина Хобгарски од Германија, кои немаат загубено сет досега. Ова ќе биде трето финале за Ѓорческа во 2023, во конкуренција на двојки, по Сплит и Лиепаја. Триумфираше само во Сплит, тогаш во тандем со Словенката Вероника Ерјавец, но тоа беше турнир од категорија W40. Во оваа повисоката, W60, всушност, има само еден освоен пехар меѓу 46-те во кариерата, во двојки и тоа токму во Хехинген, во 2019 година.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…