Ѓорѓиевски ги посети фудбалерите на Вардар: За многу брзо време кога работите ќе се променат на подобро, Вардар никогаш повеќе нема да биде во оваа ситуација!
Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски преку статус на Фејсбук пишува дека фудбалскиот клуб Вардар не е оставен на цедило и дека се обезбедени финансиски средства за натпреварот кој ќе се одигра во недела.
„🖤 Вардар е душата на Скопје и како еден од нив, ќе го дадам и последниот атом од мене за да се одржи клубот.
💰 Како и во минатото, така и сега во пресрет на баражот во недела, обезбедени се финансиски средства за да опстои нашата гордост.
♥️ Вардар, Вардарци и Комити не се оставени сами на себе.
🤝 Мојата подадена рака ќе стои секогаш тука за нив. И да, ќе одиме на врвот – таму каде што припаѓаме!
🔜 А во една блиска иднина, за многу брзо време кога работите ќе се променат на подобро, Вардар никогаш повеќе нема да биде во оваа ситуација.
✌️Го имате мојот збор!
📍Се гледаме во недела, во 17 часот на стадионот во Струмица.
⚽️ ФК ВАРДАР : ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
💪 За Вардар, за нашето славно минато и блескава иднина“, стои во неговиот пост на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кузеска: Гаши е одговорен за инцидентот,…
Откако не успеа да го заташка, МВР…
Либанската влада се обидува да спречи одговор…
Либан работи на тоа да спречи одговор…
Ердоган ги обвини Инстаграм и другите социјални…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини…
25 нови случаи на голема кашлица за…
Во периодот од 26 јули до први…
Русите мислеа дека Украина ќе ја нападне…
Русија се сомневаше дека Украина планира да…