Ѓорѓиевски: Договорена соработка со турската фондација „Маариф“ – ова е почеток на вечно пријателство
Договорена е соработка помеѓу општина Кисела Вода и турската фондација ,,Маариф”.
Бевме домаќини на претседателот на турската фондација во Македонија – ,,Маариф”, Мехмед Баран, директорот на кампусот во Скопје Зекерија Арслантурк и нивниот асистент Нуман Идриз.
На средбата бев запознаен со работата на фондацијата која е основана од Владата на Република Турција и е единствениот правен субјект од оваа земја, овластен да обезбедува образовни активности ширум светот.
Бев информиран и за функционирањето на кампусот во Скопје во чиј состав работат градинка, основно и средно училиште, а наставата се одвива на англиски јазик. Покрај тоа, на овој работен состанок разменети беа повеќе идеи околу можностите за соработка и сферите во кои таа е можна.
Во добро расположение и со првичен договор за реализација на повеќе можни проекти, финишираше оваа средба на која ми беше врачен симболичен подарок-сувенир кој симболизира вечно пријателство.
Инаку, од своето основање, фондацијата ,,Маариф” застапува 340 училишта во 42 земји.
Во Македонија се присутни од 2018-тата, а наставата во скопскиот кампус се одвива од оваа учебна година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…
МВР информира дека синоќа околу 21 часот…
Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…
Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Тие не заслужиле да се изнајми приватен…
Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…