Ѓорѓиевски: Еднократна парична помош за онколошките пациенти

t

Во рамки на Програмата за активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита на Град Скопје за 2026 година, обезбедуваме еднократна парична помош за онколошките пациенти – како мал, но значаен чекор кон олеснување на нивното секојдневие и борба, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски

Во моменти кога животот носи најтешки предизвици, нашата човечност се мери со тоа колку сме подготвени да подадеме рака. Токму затоа, водени од искрената грижа и одговорност кон нашите сограѓани, продолжуваме со конкретни мерки за поддршка на најранливите, вели Ѓорѓиевски.

-Во рамки на Програмата за активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита на Град Скопје за 2026 година, обезбедуваме еднократна парична помош за онколошките пациенти – како мал, но значаен чекор кон олеснување на нивното секојдневие и борба.

Право на оваа помош имаат лица со живеалиште на подрачјето на Град Скопје (општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари).

За остварување на правото, потребно е да се достави:

– барање за еднократна финансиска помош
– копија од важечка лична карта

– документ од надлежен орган или институција што ја потврдува состојбата (дијагноза или отпусна листа)

– копија од трансакциска сметка (лична на барателот)

– потврда дека барателот спаѓа во категоријата онколошки пациент

– документацијата да не е постара од 6 месеци од поставување на дијагнозата

Барањето, заедно со целокупната документација, се поднесува преку Архивата на Град Скопје, во затворен плик со назнака: ,,Сектор за јавни дејности – Комисија за доделување еднократна финансиска помош за онколошки пациенти“.

Ова, почитувани, е порака дека никој не е сам.

Дека зад секоја борба стои некој кој верува, сочувствува и помага.

Дека и во најтешките денови, постои рака што ќе ве поддржи и надеж што не згаснува.

Заедно сме посилни, пишува Ѓорѓиевски во својата објава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Еднократна парична помош за онколошките пациенти

Во рамки на Програмата за активности во…

Земјотрес почувствуван во Скопје

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија…

Скопје ќе добие БРТ за 70 милиони…

Владата преку Министерството за транспорт и Министерството…

Хаос на судењето за „Онкологија 2“: Адвокатка…

Со хаос и парична казна за адвокататката…

(Видео) Скопјанка со „ауди“ се движи по…

На 19.03.2026 во полициска станица, полициски службеници…