Објавено на:

Ѓорѓиевски најави: Ќе се извршуваат детални проверки на сите градби во Кисела Вода, откако невремето урна дел од потпорен ѕид

t

-Во периодот што следи ќе биде извршена детална проверка на сите градби кои се направени во минатото, со цел да утврдиме дали можат да одговорат на временските неприлики кои и понатаму ќе се случуваат, но и онаму каде што има потреба од дополнителни зафати да делуваме.

Ова го најави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, откако поради силното невреме кое го зафати Скопје вчера попладне, падна голем потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски” кај семафорите во населба Пинтија.

Тој рече дека во наредниот период ќе бидат извршени детални контроли од инспекциските служби за квалитетот на изградба на потпорните ѕидови и на приватните парцели, особено онаму каде што теренот е стрмен.

-Таму каде што ќе биде утврдено дека се направиле недостатоци при градењето од различни причини, во наредниот период ќе прецизираме како ќе постапиме, изјави Ѓорѓиевски откако вчера излезе на тарен каде што се сруши дел од потпорниот ѕид. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…