Ѓорѓиевски најавува две нови монтажни катни гаражи за решавање на хаосот во Клинички центар
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска соопшти дека официјално започнува процесот за изградба на две монтажни катни гаражи при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Тој информираше дека по денешната средба со министерот за здравство Азир Алиу е означен почеток на овој проект, кој ќе го изведува Градот, а ќе обезбеди 500 нови паркинг места.
„Денес, заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, како и со стручните тимови од ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје, одржавме координациски состанок со кој официјално го отпочнуваме процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар. Со реализацијата на овој проект кој ќе го изведува градот Скопје, ќе се обезбедат околу 500 нови паркинг места, со што конечно се става крај на долгогодишниот хаос со паркирањето во и околу Клиничкиот центар“, изјави Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…
Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…
Ѓорѓиевски контpa урбаната мафиja: За Paсадник ќе…
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…