Ѓорѓиевски на средба со претседателите на училишните одбори: Комуникацијата ќе обезбеди подобрување на образовниот процес
Градоначалникот на Општина Киселав Вода, Орце Ѓорѓиевски, преку неговиот Фејсбук профил соопшти дека во текот на денешниот ден имал средба со претседателите на училишните одбори на училиштата од Кисела Вода.
Како што нагласи тој, одборите се важна алка во целиот образовен процес и преку зајакнување на соработката со нив ќе се подобри и самиот процес.
Го пренесуваме статусот во целост:
“Одржавме состанок со претседателите на училишните одбори од сите основни училишта во Кисела Вода.
Тие се многу важна алка во целокупниот образовен процес учествувајќи директно преку донесување на Статут, годишна програма за работата на училиштето, финансиски план, па сѐ до вршење интервјуа за избор на директори.
На оваа плодна средба нашата дискусија се водеше во насока на подобрување на условите за образование во самите училишта, изнаоѓање решенија за некои од проблемите со кои се соочуваат бидејќи сите тие се родители на деца кои учат во овие училишта и многу добро се упатени во целиот процес, а слушнати беа и нивните сугестии за идните инфраструктурни зафати кои се во надлежност на општината.
Убеден сум дека ваквата соработка ќе придонесе во подобрување на условите како и овозможување поквалитетен образовен процес, училишните одбори се органот кој управува со училиштата, орган избран од самите родители и нивното мислење, предлози и идеи секогаш ќе бидат уважени.” – пишува Ѓорѓиевски.
Линк до фејсбук статусот: https://www.facebook.com/1OrceGj/posts/489026636183964
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каде одиш Македонијо? Годинава има 500 првачиња…
Во новата учебна година се запишале 500…
Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…
Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…
Конечно – Се воведуваат стручна матура и…
Владата, на денешната седница, утврди текст на…
Партијата ГРОМ бара докази дали пратеникот од…
Политичката партија ГРОМ денеска преку својата потпретседателка…
МОН: Со дигитализација на образованието, вложуваме во…
Подобрување на квалитетот на наставата, стекнување на…