Ѓорѓиевски: Нема толеранција за загадувачите – изречени казни поради енормното загадување во Скопје

t

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека во изминатите денови биле изречени казни за правни лица – загадувачи, откако главниот град се соочи со сериозно загадување на воздухот и пробивање на дозволените гранични вредности.

Како што информира Ѓорѓиевски, според податоците од државниот мониторинг, состојбата со квалитетот на воздухот наложила итна и решителна реакција од страна на градските институции. Во таа насока, во последните два дена биле спроведени засилени и координирани инспекциски контроли на терен, при што Инспекторатот за животна средина изрекол санкции за загадувачите.

„Законот важи за сите и нема да има никаква толеранција за оние што го загрозуваат здравјето на граѓаните“, порача градоначалникот, најавувајќи дека контролите ќе продолжат уште поинтензивно и поодлучно и во наредниот период.

Паралелно со репресивните мерки, Град Скопје објави и сет препораки и мерки за заштита од загадениот воздух, кои се јавно достапни на веб-страницата на градот и веќе се применуваат. Тие, според Ѓорѓиевски, претставуваат важен дел од заедничката борба за почист воздух.

Градоначалникот воедно ја поздрави, како што наведе, континуираната заложба на Владата за подобрување на квалитетот на воздухот, посочувајќи дека во изминатата година и пол биле преземени низа активности, меѓу кои Стратегијата за почист воздух 2024–2030, субвенции за инвертер клими, поставување прочистувачи на воздух во градинките во Скопје, пошумување, гасификација, изградба на две когенеративни централи на влезовите во градот, како и нови паркови со клупи со вградени прочистувачи на воздух.

„Борбата за почист воздух е заедничка. Секој поединечен придонес е важен, но за она што е во надлежност на Градот Скопје, порачувам јасно дека ред мора да има и законот ќе се спроведува“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој ги повика граѓаните да пријавуваат потенцијални загадувачи на електронската адреса [email protected], нагласувајќи дека здравјето на скопјани ќе остане апсолутен приоритет на градските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Нема толеранција за загадувачите – изречени…

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека…

ИКЕА демантира: Нема планови за влез во…

Интер ИКЕА Груп, глобалниот франшизер на шведскиот…

ВМРО-ДПМНЕ: Нема покачување на струјата како што…

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа на најавите за…

Трамп: Мора да го имаме Гренланд за…

Трамп: Мора да го имаме Гренланд за…

Донесена е одлуката за прогласување на кризна…

Владата на денешната редовна 138 владина седница,…