Ѓорѓиевски објаснува зошто откажал за дебатата на „Телма“
Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓоргиевски, преку порака на социјалните мрежи порача дека нема да се појави на дебатата со противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ, договорена за вечерва на ТВ „Телма“.
Во објавата Ѓорѓиевски наведува дека вечера во тој термин ќе биде на завршниот митинг од неговата кампања во Скопје.
Тој смета дека по претходната дебата меѓу него и Мециновиќ што се одржа во вторникот на „Канал 5“ „станале јасни ставовите и јасна е сликата за двајцата кандидати“.
„Евидентно е ниското ниво на политичка култура, но и присутната безидејност и недостигот на планови кај кандидатот Амар Мециновиќ, што значи дека секоја следна дебата не би била натпревар и судир на концепти, туку судир меѓу концепт за Скопје, претставуван од мене и ВМРО-ДПМНЕ и демагогија, празна реторика и отсуство на план што се карактеристики на Амар Мециновиќ“, напиша Ѓоргиевски и додаде дека целосно ја почитува „намерата и професионалноста телевизија која испрати покана за дебата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски објаснува зошто откажал за дебатата на…
Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите…
Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов…
Александар Јовановски е новиот прв човек на…
Трамп најави потег со нуклеарно оружје какво…
Во пресрет на средбата со кинескиот претседател…
Јакимовски: Карпош знае да врати почит!
Карпош знае да врати почит! Имаме 12.000…
Кочовски: Повеќе од 15 илјади македонски граѓани…
Работната миграција од Македонија останува стабилна, а…