Ѓорѓиевски: Победа во прв круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот
Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да се случи уште во првиот круг. Вели дека победа во првиот круг очекува не за себе, туку поради граѓаните, оти пролонгирање на процесот за три недели ќе значи пролонгирање на голготата која сега се случува.
Искрено, да, очекувам силна победа во првиот круг. Верувам во народот, верувам во граѓаните. Таа победа јас не ја барам и не ја очекувам поради себе, не ја очекувам за да добијам политичка круна од сето тоа. Де факто, во Скопје на сите им е јасно кој ќе биде победникот на овие избори, но победата во првиот круг би значела многу побрзо влегување во костец со проблемите. Каде и да погледнете околу нас, имаме мини депонии, околу сите микролокации со контејнери. Три недели пролонгирање на целиот процес ќе биде три недели повторно живеење во голгота и во хаос“ вели Ѓорѓиевски.
Победа во првиот круг рече дека бара и оти доаѓаат зимските месеци кога градот треба да се реорганизира и да не дозволи повторно возрасни лица, студенти и средношколци да чекаат со часови и да мрзнат на автобуските станици.
„Знаете дека сум работник и ќе дадам сè од себе многу бргу да ги средиме сите процеси, да ги нормализираме од првиот ден кога ќе влезам во Град Скопје. Пролонгирањето на три недели само ќе значи пролонгирање на целата голгота што се случува. Јас сум апсолутно свесен дека има кандидати како никогаш досега. Математички е изводливо ако народот реши на таков начин да постапи. Јас верувам силно во овој народ. Изминативе четири години покажав дека апсолутно во сите ситуации сум на страната на граѓаните, дека тие ми се приоритет, дека човекот ми е приоритет и така ќе функционирам во наредните четири години“, рече Ѓорѓиевски и ги повика и граѓаните, но и политичките партии, да му дадат поддршка за победа во првиот круг од изборите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Победа во прв круг, не за…
Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ,…
Бугарија „разочарана и збунета“ од изјавата на…
Бугарското Министерство за надворешни работи го повика…
Грција го усвои контроверзниот закон за 13-часовно…
Грчкиот парламент денес го усвои новиот закон…
Ноќеска опожарено возило во Кисела Вода
Ноќеска уште еден опожарен автомобил во Скопје.…
Песков: Русија ја спроведува воената операција во…
Русија ќе ја продолжи специјалната воена операција…