Ѓорѓиевски: Со цел зголемување на транспарентноста, оформено е партиципативно тело од граѓани за идејното решение за ДУП-от за Расадник
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски информираше дека е оформено партиципативно тело од граѓани за идејното решение за ДУП-от за Расадник, кое го иницираше општина Кисела Вода со цел да се зголеми транспарентноста на целиот процес.
„На вчерашната седница на Советот на општината, со 16 гласа ЗА и 7 воздржани, оваа одлука беше изгласана со што од денес, ова тело започнува со учество во изготвувањето на меѓународниот конкурс за Расадник. Лица, меѓу кои и стручњаци од областа на урбанизмот, новинари, претставници на Здруженија на граѓани, но најмногу од се, жители од овој дел на градот ќе ги застапуваат ставовите на сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница“, соопшти градоначалникот.
Партиципативното тело е составено од следните лица: Антони Пешев, Дарко Чекеровски, Искра Димитрова, Горан Гугулевски, Зоран Николовски, Иле Темелкоски, Добрила Петровска, Ладо Димишковски, Звонимир Стеванов, Драган Стојанов, Даниела М. Јованоска, Александар Жупаноски, Јово Крстевски, Благоја Ниотис, Горан Фиданоски, Зоран Поповиќ, Бојан Николовски, како и седум претставници од комисијата за урбанизам на општина Кисела Вода.
Преку пренесување на ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, преку давање на иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија, партиципативното тело ќе обезбеди инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање.
„На ова тело, во постапката за креирање на идејниот лик на Расадник и сите планирани чекори кои до тоа ќе водат, ќе му се приклучат и научните авторитети од оваа област од Архитектонскиот факултет во Скопје, од Комората на овластени архитекти и инженери и од Асоцијацијата на архитекти на Македонија, кои се одзваа на повикот на општина Кисела Вода и на располагање го ставија својот целокупен стручен потенцијал“, појасни Ѓорѓиевски.
Нацрт предлогот на меѓународниот конкурс е ставен на увид на граѓаните на веб страницата на општина Кисела Вода и сѐ уште се прибираат забелешките и сугестиите кои пристигнуваат на [email protected].
Следниот чекор е негово објавување, по што ќе се добие и решение за идејниот лик на Расадник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…
Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…
(Фото+видео) Жителите на Ѓорче бараат суспензија на…
Граѓаните на Ѓорче Петров имаат сериозен проблем…
ДПМНЕ шверцерски носи план за зграда од…
Ќе речеш големи домаќини, а тие да…
Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…
Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…
Дел од населбата 11 Октомври без вода
Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…