Ѓорѓиевски: Тоа што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сѐ се може
Завршува времето кога Скопје беше град на депонијата. Уште вчера, од првиот ден од преземањето на функцијата градоначалник ја започнавме генералката за чистење на градот, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на првата конститутивна седница на Советот на Град Скопје.
Ѓорѓиевски порача дека тоа нема да биде само 72 часовна акција – тоа ќе продолжи во континуитет, секој ден.
– И ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сѐ се може. Тоа, всушност е наша обврска, за тоа граѓаните нѐ плаќаат. Чистиот воздух, почитувани, многу зелени површини и решенија за отпадот се темелите на еден здрав град. Скопје мора да стане лидер во еколошките политики, со конкретни и видливи резултати – додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје се гушеше во ѓубре со месеци…
Соопштение на СДСМ Со месеци Скопје се…
Скопје се гушеше во ѓубре со месеци…
Скопје се гушеше во ѓубре со месеци…
Вреди: По месеци ѓубре, Скопје и Чаир…
По месеци давење на градот во лоша…
Меџити: Ова е почеток на едно ново…
По неколку тешки недели, кога Скопје беше…
Премиерот се пофали: „Голема акција за чистење…
Премиерот Мицкоски на социјалните мрежи сподели фотографии…