Ѓорѓиев: Жал ми е што не ја израдувавме публиката, атмосферата беше подобра и од Европското првенство
Македонската одбојкарска репрезентација вчера претпре пораз од Грција со 3-1 во сетови и не успеа да го обезбеди настапот на Европското првенство во 2026 година уште сега.
Шансите за Македонија за настап на четвртиот континентален собир во низа не се загубени, меѓутоа сега ќе треба да го чекаме исходот на натпреварите идниниот август.
Капитенот Никола Ѓорѓиев беше искрен и призна дека жали што не успеале да ја победат Грција во одличната атмосфера која ја направи публиката во салата „Јане Сандански“.
„Сакам да се заблагодарам на сите навивачи кои ни пружија вечерва поддршка тука, беше феноменално да се игра во ваква атмосфера. Многу ми е жал што не успеавме да ги израдуваме. Би кажал дека оваа атмосфера беше подобра од онаа на Европското првенство кое го игравме лани.
Навистина ми е криво што не успеавме да ги израдуваме. Репрезентацијата на Грција во овој момент беше подобра од нас. Не е алиби, но имавме тешка недела Савовски боледува од бронхопневмонија, Либидовски има повреден зглоб, Манџуков заработи повреда на грбот…Одигравме машки, дадовме се од себе, меѓутоа максимумот во овој момент беше тој“, изјави Ѓорѓиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…