Ѓорѓиев: Многу ми е жал што не успеавме да ја израдуваме публиката
Maкедонските одбојкари не успеаа да ја победат Грција и така да обезбедат пласман на Европското првенство во 2026 година уште сега, а на репрезентацијата не и помогна ниту големата поддршка која ја имаше во СЦ „Јане Сандански“.
Капитенот Никола Ѓорѓиев жали за пропуштената прилика. Македонија се уште има шанси за пласман на континенталниот собир, меѓутоа ќе мора да ги почекаме натпреварите кои се играат во август идната година.
„Сакам да се заблагодарам на сите навивачи кои ни пружија вечерва поддршка тука, беше феноменално да се игра во ваква атмосфера. Многу ми е жал што не успеавме да ги израдуваме. Би кажал дека оваа атмосфера беше подобра од онаа на Европското првенство кое го игравме лани.
Навистина ми е криво што не успеавме да ги израдуваме. Репрезентацијата на Грција во овој момент беше подобра од нас. Не е алиби, но имавме тешка недела Савовски боледува од бронхопневмонија, Либидовски има повреден зглоб, Манџуков заработи повреда на грбот…Одигравме машки, дадовме се од себе, меѓутоа максимумот во овој момент беше тој“, изјави Ѓорѓиев.
Ако Македонија успее да се пласира на Европското првенство тоа би било наше четврто учество во низа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Се крати од ранливите категории за…
Нагласеното зголемување на средствата за воените расходи…
Ѓорѓиев: Многу ми е жал што не…
Maкедонските одбојкари не успеаа да ја победат…
Македонија не ја искористи првата „меч топка“,…
Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби од Грција во Скопје…
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
Полска е европски шампион во одбојка
Полските одбојкари ја совладаа Италија со 3:0…