Ѓукановиќ: Националисти бараат прекројување на границите на Балканот
Денес, националистите повторно се обидуваат да ја докажат својата теза дека мултиетничка демократија на Балканот не е можна и затоа Западен Балкан треба да се преуреди, да се сменат границите и наместо постоечките, етнички и верски хомогени држави треба да се создадат три проширени, рече претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Верувам дека нема да има доволно глупави и неодговорни луѓе кои 30 години подоцна ќе го слушаат обновениот повик на националистите да влезат во оваа авантура“, рече шефот на државата.
Според него, во регионот се води остра политика на конфронтација меѓу две гледишта за иднината на Западен Балкан.
„Она што го бранам е дека сите земји од Западен Балкан се дел од модерната цивилизација и треба да имаат свое место во ЕУ и НАТО. Наспроти ова имаме гледиште на оние кои инсистираат на одржување на статус кво, имено земјите од Западен Балкан да останат надвор од движењето на модерната европска цивилизација. Да бидеме платформа која ќе ја злоупотребуваат сите оние кои преку Западен Балкан сакаат да се однесуваат антиевропски. И денес сме сведоци на тоа“, рече Ѓукановиќ.
Според него, Русија се обидува да влијае на Западен Балкан преку своите медиумски, финансиски, енергетски и религиозни акции, со што работи против европскиот систем на вредности и единство.
Коментирајќи ги односите со српскиот претседател Александар Вучиќ, Ѓукановиќ рече дека двајцата не се согласуваат за надворешната и безбедносната политика. Тој смета дека денес не е можно да се биде на страната и на агресорите и на жртвите.
„Преку вашиот морален и политички став, мора да покажете дека го почитувате правото на секој граѓанин на Европа и на државата слободно да одлучува за својата иднина. Ова е фундаменталната разлика меѓу господинот Вучиќ и мене и, претпоставувам, меѓу него и другите лидери во регионот кои ги делат моите вредности“, додаде црногорскиот претседател.
„Не станува збор за никаква омраза или за некаков вид на односи. Во добар период од политичкиот живот на Вучиќ интензивно комуницирав со него. Сега сме радикално различни бидејќи, за жал, геополитичките потреси послужија за повторно инспирација на националистите во регионот, велу Мило Ѓукановиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа
Во земјите од регионот денеска се активирани…
Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…
Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…
ЕУ донираше 35 милиони евра за Србија…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…
Детална истрага за регионалниот крах на електроенергетскиот…
Комитетот за системско работење на Европската мрежа…
Машала: ЕУ ќе даде 500 милиони евра…
Европската комисија го усвои Предлог-буџетот на ЕУ…