Ѓукановиќ: Подгорица е заинтересирана за евроинтеграција
Црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека Подгорица е заинтересирана за евроинтеграција, а не за алтернатива. Отворена е да ги слушне сите предлози кои би претставувале начин за забрзување на европската интеграција.
По самитот на ЕУ и Западен Балкан во Брисел, Ѓукановиќ рече дека била испратена најважната порака, односно дека Западен Балкан има свое место во ЕУ.
Тој додаде дека засега нема подготвеност да се разговара за датумите за влез на земјите во ЕУ, но дека постои расположение да се работи кон позитивна насока, пред се на пречките во односот на Софија кон Скопје.
„Тоа е на ниво на индивидуално размислување гласно. Не би можел да зборувам за тоа како политика н ЕУ. Ставот е сепак да не се зборува за датуми, туку за создавање средина во која процесот ќе се забрза. Има концензус за тоа“, рече тој.
Ѓукановиќ рече дека е битно низ сите дискусии да се повтори дека идејата за создавање европска политичка заедница не е замена за членството, туку нова рамка која ги надополнува институционалните односи меѓу Западен Балкан и ЕУ и која може да помогне да се забрза процесот, но дека основната идеја е членството на Западен Балкан во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ ќе…
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ ќе…