„Ѕвездено небо“ вечерва во Кочани, Штип и Скопје по повод 6 месеци од трагедијата во „Пулс“
Вечерва во Кочани, Штип и Скопје се одржа мирени собири на граѓани по повод шест месеци од трагедијата во Кочани, пожарот во дискотеката „Пулс“, каде што 62 млади личности загинаа, а 193 беа повредени.
Во Кочани под мотото „62 ангела – вечна светлина во нашите срца“ вечерва во „Паркот на Револуцијата“, се палеа свеќи во форма на крст и срце во чест на починатите, а околу 21 часот во воздух одлетаа 62 балони со имињата на жртвите, по што присутните граѓани со мобилните телефони направија ѕвездено небо и испратија светлина кон височини за 62 згаснати животи.
-Да им испратиме порака, да им испратиме светлина за да видат дека не се заборавени! Штип не заборава! Кочани, заедно сме со вас! Ѕвездено небо како порака дека светлината постои и во најмрачните денови, велат семејствата од Штип на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
„При секоја посета во Кочани родителите ни се благодарни заради тоа што не сме ги заборавиле. Да им покажеме на дека сме тука за нив и нема да ги заборавиме.„ – ова се дел од пораките кои ги испратија граѓаните собрани на плоштад „Македонија“ во Скопје.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ѕвездено небо“ вечерва во Кочани, Штип и…
Вечерва во Кочани, Штип и Скопје се…
(Во живо) Мирен собир на граѓани во…
Вечерва во Скопје се одржува мирен собир…
Родителите од Кочани бараат одговорност од државата…
Роднините на загинатите во пожарот во дискотеката…
Сопругата на починатиот полицаец од Пробиштип го…
Денеска на протестот кој се одржа во…
Костова: Скопје е пример за катастрофалното владеење…
-Нашите кандидати за градоначалници се внимателно бирани…