“Јадете кавијар”, туршија е скапо да се прави
Аромата на ајварот и туршијата годинава ќе се чувствува поретко. Многу граѓани се мислат дали воопшто есенва ќе направат некаква зимница. Причина е енормното поскапување на храната, маслото и енергенсите.
Некои и покрај високите цени, не се откажуваат од традиционалните зимски јадења, но веројатно ќе подготват половина од вообичаената количина или ќе купат готови.
“Мора, треба малку, нема што да јадеме. Лани, ако земавме 10 килограми, сега ќе земеме 5 килограми”, рече еден граѓанин за “Алсат”.
“Повеќе се исплаќа да се купи. Цените влијаеја и се очекува повторно, како што може да се види. Поевтино е да се купи, особено во Косово е поевтино. Во Призрен генерално купуваме туршија бидејќи пазарот е побогат”, рече една граѓанка.
Покрај ајварот, традиционално на крајот на летото и есента се подготвуваат туршиите и разни џемови.
Извор: Алсат ТВ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Јадете кавијар”, туршија е скапо да се…
Аромата на ајварот и туршијата годинава ќе…
Нема кавијар за Британците: Владата забрани увоз…
Велика Британија во рамки на последното проширување…