Јакимовски: Бугарските служби даваат пари за да се учи бугарски, Софија води великобугарска политика
Градоначалникот на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во врска со внесувањето на Бугарите во Уставот истакна дека најмалку се проблем Бугарите како нација, туку проблем се намерите“, рече Јакимовски во емисијата „10 минути“ на телевизијата „21“, додавајќи дека Софија води „великобугарска“ политика.
„Тие си ги покажаа нозете, односно змијата си ги покажа нозете веќе со француско-бугарскиот договор. Почнаа да отвораат веднаш овие нивни здруженија со провокации. Веднаш нивните разузнавачки служби почнаа да даваат пари и почнаа да нудат пари за тие што ќе го учат бугарскиот јазик“, рече Јакимовски.
Тој додаде дека Бугарите има иредентистички намери кон Македонија и дека воопшто не го се плашат да го кажат тоа.
-Тие никогаш не се срамат да кажат дека имаат иредентистички аспирации кон Македонија. Не се срамат тоа да го кажат во Европскиот Парламент, во интервјуа, јавно и така натаму… Пазете ја тезата „Един народ, две држави“, додаде Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…