Јакимовски во Топ Тема: Ќе ги издржиме со оваа „ѓубреџиска политика“ од едно место го носат сметот на друго го истовараат
По булеварот Партизански одреди нема смет затоа што има камери, рече во вечерашната емисија Топ Тема на Телма Стевчо Јакимовски кандидат на Коалицијата „Искуство за успех“ за трет градоначалнички мандат.
„Гостите“ кои доаѓаат да ја чистат општина Карпош тие навечер со камиони истураат смет, вели Јакимовски, за да дојдат наутро и да покажат дека го собираат сметот.
Тој ваквата политика на ВМРО – ДПМНЕ ја нарече „ѓубреџиска политика“.
Тврди дека има фотографии од 23.10.2025 година при чистењето на контејнерите кај салата Партизан во Карпош 4, вели, во 17:30 часот во средата бил собрана сметот, а утрото во 07 часот на тоа место има трипати повеќе смет од оној што бил претходно. Според луѓето од Дрисла тоа не било комунален смет, туку смет од фирми.
На прашањето дали ова е пријавено во Обвинителството, Јакимовски рече дека по консултации со одредени обвинители му било кажано дека ќе побараат снимки од „сејв сити„ но полицијата е нивна, вели и затоа смета дека тука нема ништо да биде.
Според него имало повеќе вакви случаи.
Ќе ги издржиме со ваква „ѓубреџиска политика“ која ни ја наметнаа, рече тој.
Камионите што собираат смет не го носат сметот во Ј.П. Дрисла, каде го носат?, прашува Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јакимовски во Топ Тема: Ќе ги издржиме…
По булеварот Партизански одреди нема смет затоа…
(Видео) Кандидатот на ВМРО објави слика од…
Соте, пак си ја утнал работата! Градинки…
Објавена рачно напишаната оставка на Рустеми: „Поради…
ТВ 24 дојде до оригиналната рачно напишана…
Протекоа американски разузнавачки проценки: Путин е порешителен…
Според најновата проценка на американските разузнавачки служби,…
Додик му се заблагодари на Трамп
Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик,…