Јакимовски: Дали Фреди и компанија треба да одат во притвор?!
Од дувлото во Белата Палата ни Aл ни Aбер.
Арамиската дружина молчи. Кутриот човек што погина со превртеното багерче на партиските им колеги Фреди and company, за него не покажаа ни тронка жал, ниту емпатија. Едноставно како мајка него да не го родила, не се оградуваат од партискиот спонзор и потпретседателот. Очевидци кажуваат дека на 24.11.2023 кога погинал човекот, Фреди немал градежна дозвола.
Јамата не ја обезбедил со шипови. Вака необезбедената јама предизвикала уривање на соседната куќа, која има 7 наследници и за која се води судска постапка. Луѓето од надлежните институции кажуваат дека е правен невиден притисок и давани непристојни предлози за да се минимизира нивната неодговорност. Предизвикале несреќа и изгубен е човечки живот, направена е значителна материјална штета. Тоа се две кривични дела.
Со оглед на тоа дека вршеле притисок врз надлежни институции, може да го повтори кривичното дело затоа што гради на други места и може да избега.
Се поставува прашањето дали овие луѓе не треба да бидат притворени додека не се утврди степенот на нивната одговорност?
Багерот бил за копање ровови, а не градежни јами, машината по габарит била многу мала и несоодветна за оваа работа, со тркала наместо со гасеници и ископот не бил соодветно обезбеден, ниту пак биле почитувани правилата за заштита при работа.
ПС : Тие ќе возат Порше Карера, а машинистот ќе копа градежна јама место со прописен багер, со обична играчка и таа нивна неодговорност однесе човечки живот.
Колку багери можат да се купат со ова Порше?
*Фејсбук статус на лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…
Во два наврата претходно за време на…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…