Јакимовски: Е сега, направете разлика меѓу одговорна и неодговорна Влада
Во 2017 година Македонија беше домаќин на Европскиот суперкуп во фудбал. Овој голем европски, но и светски настан, беше доверен во организација на ФФМ и Градот Скопје.
Владата на Република Македонија иако не беше официјален организатор, максимално застана зад овој настан, давајќи дури и писмени и финансиски гаранции на УЕФА дека ќе бидат исполнети сите високи стандарди на европската фудбалска федерација.
Во тој период дури имаше и смена на власта, па сепак не дозволивме да ја избрукаме државата како сега.
Како за пример, во продолжение прочитајте го соопштението во кое тогашната Влада (иако не е официјален организатор) и гарантира на јавноста дека ќе стори се што е потребно за Македонија да биде одличен домаќин на тој настан:
“Претседателот на фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски на денешната прес конференција по повод довербата која ја доби од страна на УЕФА за организација на ексклузивниот натпревар од Европскиот Суперкуп во 2017 година рече дека ФФМ имаше максимална поддршка од Владата на Република Македонија и Градот Скопје за кандидатурата за добивање на овој настан.
-Заеднички донесовме настан кој ќе ни донесе промоција, но и други краткорочни и долгорочни користи за нашата земја, за економијата и за македонскиот фудбал. Среќни сме што УЕФА ни ја даде довербата да го организираме Суперкупот. Воодушевени сме од патот по кој се движи УЕФА под водство на Мишел Платини бидејќи во сите одлуки чувтсвуваме љубов за фудбалот и почит кон сите нации, независно од нивната големина и финансиска влијателност. За македонскиот фудбал е голема чест што ќе има централна, историска улога во градењето на надворешниот имиџ на нашата земја, но тоа исто така е обврска и голема одговорност. Со добиената доверба да бидеме домаќини на еден од најголемите светски фудбалски настани ја исполнивме амбицијата да направиме уште еден чекор напред и да го дадеме својот придонес за европскиот фудбал. Тоа е тренд кој одговара на модерните времиња, а ние безусловно го следиме, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски изрази задоволство од добиената организација и најави дека Владата и ресорното министерство ќе продолжи да вложува средства се додека арената не го добие конечниот изглед.
– Денеска ние сите сме горди како Македонци, особено кога ја слушнавме информацијата дека Македонија ќе биде организатор на Европскиот Супер Куп. Можам да потврдам со сигурност дека Македонија ќе биде одличен домаќин на овој голем натпревар. Ќе ја промовираме Македонија во најдобро светло. Ќе продолжиме и понатаму со подобрување на квалитетот на нашата национална арена. Времето е кратко, но ние ќе го искористиме на најдобар можен начин за да се претставиме како добри домаќини, изјави министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.”
Е сега, направете разлика меѓу одговорна и неодговорна Влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јакимовски: Е сега, направете разлика меѓу одговорна…
Во 2017 година Македонија беше домаќин на…
Тепачка во Охрид, едно лице тешко повредено
На 27.07.2025 во 23:45 часот во СВР…
Седумчлена посада со хеликоптер од Чешка и…
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување…
Нестабилно време со пороен дожд и грмежи…
Времето утре во попладневните часови, во текот…
(Фото) Струмичките пожарникари направија страшни фотографии од…
Пожарникарите-спасители од Територијалната противпожарна единица Струмица денеска…