Јакимовски: Заев ми честиташе победа на локалните избори – останатите изјави се дневна политика
Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски во гостување во “Само интервју” кажа дека изјавата на Заев дека е изненаден како ителигентни граѓани го гласале Јкимовски, е само дневна политика
– Изјавата на Заев дека не сфаќа како најинтелегентните граѓани (на општина Карпош) гласале за мене веројатно му требала за некоја дневна политика.
Мене Заев десет дена пред тоа ми се јави и ми честиташе победа. И моите противници и сите знаат дека Стевчо не е неспособен, не е глупав, има капацитет и работи.
Јас минатиот пат не бев победен од моите политички противници туку од пропагандата. И пак велам и тоа беше добра одлука на граѓаните, требаше да донесат некој нов, како што беше добра одлука сегашната. – истакна Јакимовски во гостување во Само интервју на Канал 5.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна
Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…
Град Скопје ќе додели средства за сите…
Советот на Град Скопје на денешната седница…
Јакимовски со барање до надлежните распустот да…
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…