Јакимовски: Зошто Гордана “Доналд Реган“ Силјановска ќути пред изјавите на Османи? ДПМНЕ би направиле коалиција и со црниот ѓавол за да се доберат до буџетот на државата!

t

– Најостро реагирам на изјавите на господинот Бујар Османи, кој практично свој леб јаде, туѓо гајле бере и најостро реагирам на неговата жирафа политика. Жирафата млекото го дава кај комшијата, а јаде кај вас. Тој цело време збори за Косово, за Косоварите, но никако да каже нешто за подобрување на животот на граѓанитена Република Македонија, вели денеска од Гевгелија претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

– Ни кажува дека ако Косово некаде не учествувало на некој состанок, дека тој како претседател на држава ќе одбиел д аучествува, сега ни кажува дека мора да гласаме за влез на Косово во Советот на Европа. Овие негови ставови се еднонасочни, не водејќи сметка дека во оваа држава има и други граѓани, има и Македонци, Срби, власи, Турци итн. и не водејќи сметка дека ние имаме и друг сосед, тоа се вика Србија, голем сосед со којшто имаме добри односи и цело време настојува да ги влоши тие наши односи.

Јас јавно прашувам: Што треба Република Македонија повеќе да стори за Косово? Дали го дадовме нашето небо за да биде бомбардирана СР Југославија во 1999 одина? ДА! Дали дадовме база во Куманово, Петровец и во Катланово за да се стационираат НАТО-војници за евентуална интервенција врз СР Југославија? ДА!
 Дали примивме 300.000 бегалци од Косово? ДА! Дали ја признавме Косово како суверена држава? ДА! Дали ја демаркиравме границата? ДА! Дали гласавме во сите институции кајшто требаше да влезе Косово? И Косово како ни врати 2001 година? И уште една работа, како ни враќа сега Албин Курти со мешање во внатрешната политика на Република Македонија?

Јас не се чудам толку на ставовите на господинот Бујар Османи, колку што се чудам на ставовите на претседателските кандидати „Доналд Реган„, Пендаровски, коишто ќутат како да се неми и за Пендаровски и Ковачевски не ме изненадува бидејќи нели ги обвинуваме дека они се му дале на ДУИ, ама колку што знам ВМРО-ДПМНЕ се сили дека тие се тие кога ќе дојдат на власт, дека ќе го скротат ДУИ, а гледате како ќутат. А зошто? Само гледаат како да седнат во владиното столче и потоа да се доберат до Буџетот на Република Македонија,  а би направиле коалиција со црниот ѓавол.

Еве јавно ги прашувам уште еднаш и госпоѓата Силјановска, или Доналд Реган, како сакате и господинот Пендаровски, ќе кажат ли нешто за ставовите на господинот Бујар Османи? Ќе кажете ли нешто за тоа дека сме станале ко-спонзор за резолуцијата во ОН против Србија, односно дека во Сребреница е извршен геноцид.

Не можам да се изначудам што мајка бараме ние да се мешаме во овие работи? Таа си е работа српска, босанска, хрватска, како не ги најдоа Словенците да бидат ко-спонзори, или да ги најдеа Италијаните, или Романците или Бугарите? Како ве најдоа вас, вие да бидете ко-спонзори и практично директно да сакате да ги влошувате односите со Република Србија која е исклучително коректна со нас?

Србија поштено врати 1992 тоа што зема 1918 година, Србија ни ја призна автокефалноста на МПЦ, Србија не призна по уставно име, ја повлече војската на ЈУгославија без ниту еден испукан куршум направивме држава, цело време пријателски се однесува кон Република Македонија и во исто време се покажа како вистински пријател за време на короната и не  екоректно вака да ги нарушуваме односите со еден за нас битен сосед со кој во исто време имаме големи трговски односи и земја која е апсолутно пријателска.

Јасно сакам да ставам до знаење дека сите не мислиме ккао господинот Бујар Османи, но во исто време сакам Бујар Османи да го прашам: Дали ќе каже нешто за масакарот во Газа? Дали тој како муслиман, ќе го отќути убивањето на муслиманските жени и деца во Газа? Јас во ниеден момент не го оправдувам терористичкиот напад на Хамас врз еврејсно население и земањето на заложници, меѓутоа ако хамас е воена организација зошто не се борат против Хамас и не ја неутрализираат и уништуваат Хамас? Зошто убиваат жени и деца и цивили по принципот на спржена земја, а господинот Бујар Османи ниту збор нема да каже за овој масакар што се случува во Израел врз цивилно население, а потполно е јасно дека секогаш тој води политика којашто не е наша, политика којашто е туѓа и којашто е спротивна на интересите на граѓаните на Република Македонија.

Јас сум секогаш за принципиелна политика, ако има злочин тоа е злочин, ако има геноцид тоа е ценоцид, секое дете, секоја солза е иста, сите солзи се бистри и сите мајки исто плачат на своите погинати чеда…

Какви се тоа политики кадешто се убиваат цели семејства, се убиваат сите синови, сите снаи, сите внуци? Како ние таму ќе постигнеме мир, а во исто време нашиот претендент за претседател, а министер за надворешни работи, гледаме како тие работи ги отќутува по принципот „како ќе ми кажат другите, така јас ќе кажам“. И на крајот, уште еднаш ќе повторам дека Резолуцијата во ОН за Сребреница не  е наша работа, тоа е работа што треба да си ја решаваат некои други, а ние треба да водиме сметка за добрососедските односи со сите земји на Балканот, вклучително и со Косово, но во исто време и со Србија и да водиме сметка дека во оваа држава има и други граѓани коишто имаат респект  кон спскиот народ, истакна Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…

Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…