Јакимовски: Никој нема да мисли на нас за време на војна – Некои политичари не можат да состават реченица без ЕУ и НАТО
Македонија мора да подготви сериозни проекти и да се подготви за учество во обновата на Украина, истакна во денешното гостување во „Аргумент плус“ на ТВ24 претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.
– Ај да прашам колку проекти имаме инфраструктурни спремни? Колку проекти имаме за транспортот? Дали имаме решение за железницата која ни е 40 километри на час, толку се движи, како да сме Бангладеш. Дали имаме решение за Вардарска долина, треба ли таму да се прават 11 хидроцентрали? Зошто не почнеме да го решаваме проблемот со пречистителни станици од Вруток до излезот на Вардар од Македонија и сите притоки? Дали имаме било какви проекти во делот на туризмот, колку хотели имаме во Македонија со пет ѕвезди? Дали развиваме висок туризам? Што е со планината Кожуф, што е со Пелистер, што е со Галичица, што е со Маврово, со Попова Шапка, со Осоговските планини?
Имаме ли еден спа-центар во бањските летувалишта за кои имаме извонредни можности и извонредни капацитети?
Нели мислите дек атреба да подготвиме проекти за кога ќе дојдат инвеститори, тие инвеститори кога ќе влезат во Република Македонија тоа значи ќе се отворат големи јавни работи.
Нели мислите дека украинската војна еден ден ќе заврши? Нели мислите дека Македонија треба да се спреми за настап на тој пазар, а тоа значи дека таму ќе се работи сериозно на нискоградба, на високо градба, а тоа значи дека ние треба да отвориме јавни работи, тие работи да ги држат градежните компании во кондиција за кога ќе се настапи таму да можеме да учествуваме и да земеме дел од тој колач кој ќе биде голем затоа што таму ќе има Маршалов план за Украина.
Ние за ништо не се смремаме. Јас се противам на тие политичари кои ако им забраните да кажат ЕУ и НАТО не знаат конструкција на реченица да направат. Да ги оставиме ЕУ и НАТО, сме членка на НАТО, ќе исполнуваме обврски, ќе исполнуваме обврски и кон ЕУ, но во исто време ние треба да создаваме услови за инвестиции. Ако нема инвестиции нема нови работни места, нема подигање на животен стандард, нема вработување на факторите на произдовство, нагласи Јакиовски кој додаде дека Македонија мора да ги развие машинската индустрија, преработувачката индустрија, индустријатаза храна бидејќи на 1200 километри од Македонија има активни војни.
Во случај на сериозна војна сите земји ќе забранат извоз на оружје, храна и муниција, истакна Јакимовски кој нагласи дека Македонија мора да го зголеми производството на храна и наменската индустрија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…
Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…
ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…
Секој петти автомобил во ЕУ ќе функционира…
Српскиот литиум, привлекува големо внимание во последните…