Јакимовски од Шуто Оризари: Стоп за дивеењето на извршителите, законот мора да се почитува!
Претседтаелскиот кандидат Стевчо Јакимовски вчера оствари средби со граѓани во Шуто Оризари, од каде упати апел да се стави крај на дивеењето на извршителите.
– И актуелниот претседател и останатите претседателски кандидати, цело време устата им е полна со правна држава, со право, со правда, како тие ќе ја подобреле работата на судови, на едно, на друго, но во ни еден момент не споменуваат зошто не го спроведуваат овој закон што е донесен за извршителите и да се стопира нивното дивеење, односно да може да се наплатува на луѓе долгови коишто се постари од 10 години.
Тоа никогаш не било во Република Македонија и се успеа да се донесе таков закон и истиот закон не се применува и натаму извршителите практично ги осакатуваат особено најсиромашниот слој на Република Македонија, а тука секако дека спаѓаат и пензионерите. И за некој долг од 2, 3 илјади денари, станал долг од 150, 170, по 200 илјади денари, за луѓе клои зимаат плата или пензија по 16 или 20 илјади денари, 200 илјади денари се цела планина.
Јас како претседател на Република Македонија ќе инсистирам овој закон дословно да се почитува и да се стопира ова дивеење на извршителите, затоа што се во најсериозна опасност 83 илјади семејства и тоа сѐ се сиромашни семејства со ниски примања. И затоа сметам дека ова дивеење на извршителите не смее да продолжи, но во исто време срам е за сите претседателски кандидати и за актуелниот претседател зошто не исистира овој закон дословно да се почитува, нагласи Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…