Јакимовски: СДСМ ме обвини, ВМРО ме осуди – Пресудата ќе оди на Апелација, доказите се во наша корист!
Денешната пресуда на Основниот Кривичен суд Скопје ќе биде обжалена на Апелација, најави денеска на прес-конференција градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
– Благо речено крајно сум изненаден од пресудата. Без никакви докази, на 100% докази на наша страна носат пресуда со која ме осудуваат на единствена казна затвор на три години и шест месеци и сега се прашувам кога мене како јавна личност ми се случува ова, што ли им се случува на кутрите луѓе низ судските лавиринти во оваа наша држава.
Осуден сум зошто сум ја направил оваа барака, каде во проектот стои изградба на монтажно-демонтажен објект 1 и 2. Ова е направено од гипс картон, според сите правилници на министерството, имаме одлука на совет, но немаме решение за поставување на време објект и за времен објект не може да се гони кривично.
За жал, обвинителството тука се послужи и со фалсификат кој го докажавме и со вештачење, меѓутоа тој фалсификат никој не сака да го земе предвид, направени се и легализации покрај бул, Илинден. Обвинителката како давеник за сламка се држи дека 1987 година биле поставени времените објекти. А до 2013 година што се случило? Го изгубиле статусот на времени објекти, не се продолжило одбрението. Ако имате пиштол и ви истече можете ли да го носите после, тоа е со дозвола или без дозвола?
Овие објекти стануваат бесправни, сите објекти се видоизменивани, еклатантен пример кадешто Обвинителката вели не го сменил статусот објектот само од 12 квадрати е станат 30 квадрати и тоа е мала разлика и мала промена. Ние не сме сами во оваа постапка, во оваа постапка учествува и геометар и сите овие објекти се означени како диво изградени објекти. Ја прашав Обвинителката да ми каже каде се водат како времени објекти, никаде нема, ќути обвинителката, објаснува Јакимовски.
Јакимовски истакна дека се води хајка против секој што е квалитетен кадар во оваа држава, но дека ќе биде поднесена жалба до Апелација.
– Се вршеше притисок на колеги, да им се закануваат да кажат дека јас сум им рекол да потпишат нешто.
Вештачеа телефони, ПИ мерки на мене, на сопругата, на бившата сопруга, на синовите… Никакви држави. Жал ми е што ја држам оваа прес-конференција, истакна Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна
Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…
Град Скопје ќе додели средства за сите…
Советот на Град Скопје на денешната седница…
Јакимовски со барање до надлежните распустот да…
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…